Официјално: Собранието ги разреши министрите Беким Сали, Џемаил Чупи и Адмирим Алити

 Тројцата министри на Алтернатива, Беким Сали, Џемаил Чупи и Адмирим Алити повеќе не се министри бидејќи денеска Собранието и официјално ги разреши од функцијата, информира Журнал.

Министерот Беким Сали го напушта Министерството за здравство, Адмирим Алити го напушта Министерството за информатичко општество, додека Џемаил Чупи го напушта Министерството за дијаспора.

Од присутните пратеници во салата, 65 пратеници гласаа „ЗА“ разрешување на Беким Сали, а немаше ниту против, ниту воздржан. Додека за разрешување на Алит и Чупи имаше само 64 гласа „ЗА“ и еден против.

Рочиштето за нивното разрешување започна на 13 февруари. На дневен ред се четири точки, додека прва точка беше разрешување на министрите.