ПАКЕТИ СО ДРОГА ПЛОВЕЛЕ ВО МОРЕТО! На Сицилија запленети два тона кокаин пронајдени во вода, а вредат 400 милиони евра

Финансиската полиција на Италија заплени два тони кокаин чија пазарна вредност е проценета над 400 милиони евра.

Кокаинот е пронајден на море, во близина на источниот брег на Сицилија , јавува агенцијата Анса .

Дрогата била спакувана во околу 70 пакувања кои пливале поврзани со мрежа, со светлосен сигнален уред.

Агенцијата наведува дека дрогата била оставена таму откако била испорачана со товарни бродови и требало да биде пренесена на копното.