ПЕКОЛ И БЕЗНАДЕЖНОСТ – Во оваа земја луѓето си ги продаваат органите и децата за да успеат да преживеат: “Пред 7 месеци си го продадов бубрегот а сега ме тераат да си ја продадам ќерката…“

Пекол и безнадежност – вака можете да ја опишете ситуацијата во оваа земја.

Авганистанците им даваат лекови на своите прегладнети деца за да спијат, а некои ги продале своите ќерки или сопствените органи за да преживеат. Во втората зима откако Талибанците се вратија на власт и беше прекината помошта од странство, милиони Авганистанци се на работ на глад, пишува BBC.

Нашите деца постојано плачат и не спијат. Немаме храна. Oдиме во аптека, купуваме апчиња и им ги даваме на нашите деца за да им помогнат да спијат“, раскажува Абдул Вахаб за BBC.

Тој живее недалеку од Херат, третиот по големина град во земјата, во населба составена од илјадници мали куќи од кал, од каде и многу се раселени поради војната и природните катастрофи. 

На прашањето колку од нив им даваат лекови за спиење на децата, тој вели: „Многу, сите ние го правиме тоа“. 

Гулам Хазрети извади неколку лекови од џебот пред камерите на BBC. Тоа биле лекови за смирување и спиење, кој вообичаено се препишуваат на оние кои се лекуваат од анксиозни нарушувања. Тој има шест деца а најмалото му има само една година. „Приморан сум и на најмалиот да му давам лекови“, вели тој за BBC

Многу луѓе во оваа земја имаат апчиња препишани за лекување на депресија и анксиозност. Докторите велат дека таквите лекови, кога се даваат на деца кои се неухранети, може да предизвикаат оштетување на црниот дроб и низа други проблеми како што се хроничен замор и нарушувања на спиењето и однесувањето.

Повеќето семејства јадат само неколку парчиња леб дневно. Една жена кажала дека наутро јадат сув леб, а навечер го потопуваат во вода за да биде влажен. Обединетите нации предупредија дека во Авганистан се случува хуманитарна катастрофа. Иако Авганистанците се бореа со години, кога Талибанците ја презедоа власта во август минатата година, без меѓународно признавање на новата де факто Влада, странските фондови кои доаѓаа во Авганистан беа замрзнати, предизвикувајќи економски колапс што ги остави мажите без работа а семејствата без храна.

Амар, што инаку не е неговото вистинско име бидејќи сакал да остане анонимен, кажал дека пред три месеци бил опериран за отстранување на бубрегот и му ја покажал лузна на новинарот. Тој е во своите дваесетти години односно во цутот на својот живот.

Немаше излез. Слушнав дека можеш да продадеш бубрег во локална болница. Отидов таму и им реков дека сакам да го направам тоа. Неколку недели подоцна добив телефонски повик и ме замолија да дојдам во болница“, објаснил тој на новинарската екипа.

За ова на Амар му биле платени околу 3.100 долари, од кои повеќето ги потрошил за да ги исплати парите што ги позајмил за да купи храна за своето семејство. Новинарите на BBC сретнале и млада мајка која рекла дека го продала својот бубрег пред седум месеци – морале да го вратат долгот, а за тоа таа добила уште помалку пари.

Сега сме принудени да ја продадеме нашата двегодишна ќерка. Луѓето од кои позајмивме не малтретираат секој ден, ни велат да им ја дадеме нашата ќерка ако немаме пари да го вратиме долгот“, тврди таа за новинарите.