Пендаровски се сретна со претставници на граѓански организации во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на граѓански организации кои се дел од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, на средбата претставниците на граѓанските организации го информираа претседателот Пендаровски за работата на Советот, како и нивните видувања за подобрување на соработката и дијалогот на граѓанскиот сектор со Владата.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за непречена работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, истакнувајќи ја важноста на невладиниот сектор во развојот на демократското општество, како и очекувањето невладиниот сектор да даде свој активен придонес во пристапниот процес кон Европската Унија.