Пентагон објави фотографија од кинескиот балон непосредно пред да се урне

 Министерството за одбрана на САД објави фотографија од кинескиот балон непосредно пред да се урне на 4 февруари.

Речиси 20 дена по несреќата, Пентагон објави фотографија направена од пилотот У-2 непосредно пред да се урне балонот кај брегот на Јужна Каролина.

Северната команда на САД објави дека остатоците од кинескиот балон се извадени од морето и испратени на истрага во лабораторијата на Федералното истражно биро (ФБИ).

Кинескиот балон, кој беше откриен над американската држава Монтана, каде што се наоѓа американското нуклеарно оружје, предизвика дипломатска криза меѓу Вашингтон и Пекинг и привремено затворање на американскиот воздушен простор, потсетува Анадоли.

По откривањето на балонот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја одложи посетата на Пекинг.

Кина соопшти дека балонот соборен од САД бил цивилен метеоролошки истражувачки авион кој излетал од курсот.

Во врска со острите реакции од Вашингтон, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека „некои политичари и медиуми во САД кренале прашина за да ја нападнат и оцрнат Кина“ .