ПЕСНАТА на Чола „Она спава“ КРИЕ ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА! Посветена е на девојката која скокнала од 11 кат за да си ја спаси ЧЕСТА

Песната се „врти“ од ден на ден и многумина ја сакаат, но малкумина знаат што „стои зад неа“.

Јавноста не престанува да ги слуша песните на Здравко Чолиќ , а поновите генерации уживаат да враќаат некои постари нумери на хит листите. Една од нив е секако „Она спава“, која Чола, според сопственото признание, некогаш ја „подарил“ на бројни дами а тие во тоа уживаат.

Но, всушност и „припаѓа“ на извесна Милица Костиќ, девојка која починала во 1974 година како последица на повредите кои ги здобила при пад од 11-ти кат на кулата Рубин во Крушевац. Со намера да си ја зачува честа, пренесува „Мондо“, девојката скокнала, па тешко повредена итно била пренесена во болница каде и била укажана лекарска помош.

Според понатамошните пишувања во медиумите, Милица била ученичка во средно медицинско училиште, а тој ден непознат дечко ја измамил да ја однесе во станот, за таа, наводно, да и се јави на неговата девојка. Се испостави дека тој е еден од петте насилници чија намера била да ја нападне.

Кога и го кажал тоа, таа одбила да се соблече. Таа плачела и се молела да ја пуштат од собата, а еден од другите наводно ја изговорил реченицата:

-Невина е, нема да ја допрам.

Сепак, не ја пуштиле да си оди. Таа на секој начин се обидела да избега, а на крајот, бидејќи останала сама во собата, скокнала низ прозорецот од 11-ти кат.

Во болницата каде итно била пренесена и по разговор со инспекторите, се наведува понатаму, паднала во кома од која не се разбудила...