Пет факти за Светското клупско првенство во фудбал

На Светското клупско првенство кое ќе се игра во Мароко учествуваат седум екипи: Реал Мадрид, Фламенго, Вајдад Казабланка, Сиетл Саундерс, Окленд Сити, Ал Ахли и Ал-Хилал.

Со натпреварот помеѓу египетскиот фудбалски клуб Ал Ахли и новозеландскиот Окленд Сити денес, во мароканскиот град Тангиер, почнува Светското клупско првенство. Во продолжение ТРТ Балкан ви пренесува пет факти за ова возбудливо натпреварување.

Кој учествува?

На Светското клупско првенство на ФИФА учествуваат седум клубови, и тоа победниците на најсилните континентални натпреварувања (Реал Мадрид, Фламенго, Вајдад Казабланка, Сиетл Саундерс, Окленд Сити), како и африканскиот вицешампион (Ал Ахли) и претставникот на Азија (Ал-Хилал).

Кој со кого ќе игра?

Светското клупско првенство започнува со натпревар од претколо, во кој ќе се соочат египетскиот Ал Ахли и новозеландскиот Окленд Сити. Победникот од овој меч во четврт-финалето ќе игра против шампионот на КОНКАКАФ Сиетл, а победникот од тој меч во полуфиналето ќе се соочи со европскиот шампион Реал Мадрид.

Во вториот дел од жрепката е јужноамериканскиот шампион Фламенго, кој во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу мароканскиот Вајдад Казабланка и Саудиска Ал Хилал.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 и 8 февруари, а финалето е резервирано за 11 февруари.

Титулата на светски првак ја освојувале 11 клубови

Светското клупско првенство за првпат се одржа во 2000 година, а го освои Коринтијанс, но во периодот од 2001 до 2004 година натпреварувањето беше откажано поради различни околности.

Интерконтиненталниот клуб споен со Клупското првенство

Првото клупско првенство се играше паралелно со Интерконтиненталниот куп, натпреварување кое заеднички го организираат европските (УЕФА) и јужноамериканските фудбалски организации (КОНМЕБОЛ) од 1960 година. Последниот Интерконтинентален куп се одржа во 2004 година, по што беше споен со Клупското првенство на ФИФА.

Реал Мадрид рекордер

Досега титулата светски клупски шампион ја освоиле 11 клубови, а сите биле европски или јужноамерикански клубови. Јужноамериканските клубови ги освоија првите три титули, а потоа само уште една во следните 15 изданија.

Рекордер е Реал Мадрид со четири титули, Барселона освои три пати, а Коринтијанс и Баерн Минхен по два пати. Минатата година титулата ја освои Челзи со победата против Палмеирас.

TRT Balkan