Пике добил „неморална“ понуда од сајт за запознавање со разведени партнери, му нудат милиони

Популарниот канадски портал за запознавање „Ashley Madison” испрати богата спонзорска понуда до ФК Андора, клуб во сопственост на поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, со желба да ги рекламира на нивните дресови и стадионот.

Понудата вклучува милион евра годишно, со минимум договор од три сезони, а Пике би бил обврзан да ги рекламира во објави на социјалните мрежи.

„Жерард Пике, видовме како се развиваа работите со твојата бивша Шакира. Ние веруваме во немоногамија, затоа нудиме спонзорство на вашиот тим ФК Андора. Направете го тоа!“, му напишале преку својот Твитер профил.

Исто така, „Ashley Madison“ бара да бидат достапни најмалку пет клупски играчи за учество на промоции, а на секој член на клубот што ќе сподели приказна за немоногамна врска на нивните социјални мрежи нудат по 50 илјади евра, па дури и 150 илјада евра на оние кои признаваат дека имаат немоногамна врска и дека преку споменатиот сајт го пронашле својот партнер.

Сајтот за запознавање ,,Ashley Madison” стана многу популарен минатата година, кога имаше повеќе од 4 милиони нови регистрирани членови.