Пике казнет поради расизам

Поранешниот шампион во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике, е казнет со 950.000 долари поради расистички и хомофобични коментари на адреса на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, одлучи судот во Бразилија.

Пике (70) е казнет бидејќи во 2021 година употребил навредлив израз коментирајќи го инцидентот меѓу Хамилтон и возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Велика Британија.

Тужбата против Пике, чија ќерка е девојка на Ферстепен, ја поднесоа четири здруженија кои се борат за заштита на човековите права.

Пике јавно се извини и рече дека изразот кој го употребил во бразилско португалскиот речник се користи како израз за „момче“ или „личност“, но тоа не го увери судот, кој му изрече висока глоба, а парите ќе бидат донирани за здруженија кои се борат против дискриминација.