Пике официјално се пофали со новата девојка

Жерард Пике ја објави првата заедничка фотографија со својата девојка Клара Чиа Марти со која ја изневеруваше Шакира.

Фотографијата досега собра речиси три милиони лајкови, а многу од обожавателите на Шакира се собраа да коментираат дека „заменил Rolex за Casio“, стих од нејзината нова песна. Сепак, се чини дека на новата славна двојка не ѝ пречат критиките.

Иако шпанските медиуми неодамна објавија дека ја изневерил Чиа со адвокатката Жулиа Пуџ, тој со нова фотографија реши да ги демантира овие озборувања.

Фудбалерот започнал љубовна врска со Клара во 2021 година и ја донел во домот каде што живеел со Шакира. Тој се раздели од Шакира во јуни минатата година.

Тие постигнаа договор за старателството над синовите Милан (9) и Саша (7). Пејачката наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.