Пиоли по поразот од Фиорентина: Со мислите бевме на реваншот со Тотенхем

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги знае причините за поразот на неговиот тим од Фиорентина (1:2) во натпреварот од 25. коло на италијанскиот шампионат.

-Добро се подготвивме за натпреварот, но Фиорентина не надминаа по квалитет и енергија, особено во првото полувреме. Во вториот дел одигравме подобро, имавме шанси да израмниме. Но, во првото полувреме играта не беше доволно добра. Фиорентина одигра подобро од нас. Но, тоа не е затоа што мислевме на Тотенхем. Треба само да се подобриме во многу области. Има уште многу натпревари пред нас, но ова е неуспех без кој би можеле, изјави Пиоли за „Скај спорт Италија“.

Милан ја прекина серијата од три победи во Серија А и се наоѓа на четвртото место со 47 бодови, додека Фиорентина е 12-та со 31 бод.