ПЛАТИЛЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ, ДОБИЛЕ АМАТЕРИ…Британецот полуде по доставувачите: Каучот се заглави на скали, ми ја уништија куќата и само заминаа! (ФОТО)

Доставувачите на мебел во Велика Британија по неуспешниот обид да донесат софа горе, ја оставиле заглавена на скалите.По неуспешниот обид да го донесат каучот горе, доставувачите од Бурнемаут, Велика Британија, решиле да го остават заглавениот кауч на скалите од станот и да си заминат со изговор дека немаат време.

Новиот сопственик на домот Лук Ансел нарачал тросед од онлајн трговецот на мало designersofas4u.co.uk откако се вселил во сосема нова куќа во Бурнемут. Тој рече дека неговите ѕидови биле уништени откако доставувачите оставиле софа заглавена на скалите.

Сопственикот ги споделил фотографиите на група на Фејсбук, а потоа некои од членовите на таа група решиле да помогнат во внесувањето на каучот. Компанијата која го испрати мебелот најави дека ќе ја плати штетата и ќе го замени каучот. Од компанијата изјавија и дека во иднина ќе воведат мали камери, кои нивните вработени ќе ги носат на работните одела.

Но, она што привлече внимание е тоа што оваа непријатна ситуација насмеа многумина и потсети на сцените од култната серија „Пријатели“, каде еден од главните ликови Рос упорно го изговара зборот „pivot“ што би значело „врти“ додека е заедно со своите пријатели обидувајќи се да го пренесе каучот преку скалите.