Пловечките термоелектрани во Валона се пред пуштање во употреба, отворен тендерот за купување нафта

Двете пловечки електрани за производство на енергија кои се закотвени на пристаништето Валона од септември минатата година, наскоро можат да бидат пуштени во употреба.

Албанската електроенергетска корпорација (КЕШ) отвори тендер за набавка на 200 илјади тони нафта за две години.

Од КЕШ соопштуваат дека рокот за поднесување понуди е 16 март, а на конкурсот можат да се пријават сите субјекти кои работат во областа на трговијата со горива.

Двата пловечки ТЕЦ со моќност од 110 мегавати се очекува да задоволат до 15 отсто од дневните енергетски потреби на земјата.