Погледнете како изгледа бебето родено под урнатините: „Да останеше таму уште еден час, немаше да преживее“ (ФОТО)

Бебе родено под урнатините на петкатница моментално е во болница во Африн, град во областа Алепо во северна Сирија. Девојчето се опоравува во инкубатор на детската болница.

Мајката не преживеала, а во земјотресот загинале сите од потесното семејство на бебето, таткото и трите сестри, брат и тетка.

Вработените во болницата го нарекле детето Аја, (чудо од бебе), а докторката Хани Маруф открила дека бебето е стабилно.

„Тој има неколку скршени ребра, но тоа ќе заздрави со текот на времето“, рекол докторот.

Вирално стана видео на кое се гледа како Аја е извлечена од урнатините целосно гола со мали повреди.

Во болницата пристигнала во многу лоша состојба, со сини екстремитети и исеченици по целото тело.

-„Да не ја најдоа на време, ќе умреше за еден час“, рекол докторот.

Имено, температурата била под нулата и детето било во опасност од хипотермија. Во моментот на спасување, температурата на телото на Аја паднала на 35 степени.

Докторот претпоставува дека мајката била во свесна состојба при породувањето, но дека веднаш потоа починала.