Погледнете како Илон Маск „РАСТУРИ“ на сцената (ВИДЕО)

Извршниот директор на Tesla ги покажа своите танцувачки способности, но многумина беа шокирани од недостатокот на талент

Твитер профилот на Tesla Owners Silicon Valley објави видео од извршниот директор на Tesla во „елементот“. Видеото е снимено во 2020 година во Гигафабриката Тесла во Шангај и ги прикажува бизарните танцови движења на Илон Маск.

Настанот се одржа за вработените да ги одбележат првите испораки на електричните возила на Tesla произведени во Кина во 2020 година.

И додека некои ја фалат спонтаноста на Илон Маск, кој ја соблекува јакната и се фрла на сцената како никој да не гледа, други се шокирани од неговиот недостаток на талент за танцување.