Погодени и познатите: Шерон Стоун изгубила половина од парите поради „банкарска работа“

Ѕвездата од „Ниска страст“ ги сподели своите финансиски грижи за време на хуманитарна вечера.

Оскаровката Шерон Стоун рече дека изгубила многу пари „во оваа банкарска ситуација “, објави Фокс њуз на доделувањето на наградите Храброст во четвртокот .

Ѕвездата на „Ниска страст“ ги сподели своите финансиски грижи на една добротворна вечер за Женскиот фонд за истражување на ракот.

– Јас сум технички идиот, но знам да напишам чек. И во моментов, тоа е исто така храброст, бидејќи знам што се случува. Загубив половина од парите поради оваа банкарска работа, а тоа не значи дека не сум тука – изјавила актерката.

Иако таа не прецизираше на која „банкарска работа“ мислеше, нејзините коментари доаѓаат по падот на банката во Силиконската долина, што ги доведе финансиските пазари во голема нестабилност.

Да потсетиме дека банката, која првенствено опслужуваше стартапи со нова технологија, беше 16-та по големина банка во времето на нејзиното затворање.

FDIC го презеде работењето на банката по кризата со ликвидноста, бидејќи штедачите брзаа да ги повлечат своите пари во услови на паника поради здравјето на банката.

Како што објави Телеграф Бизнис , тоа е втор најголем колапс на банка во историјата на САД и прв по колапсот на „Вашингтон Мутал“ во 2008 година.