ПОДГОТВУВА ТОПЛИ ОБРОЦИ – Нусрет му помага на населението во Турција: И јас по земјотресот живеев година и пол во шатор

Популарниот турски готвач Нусрет Гокче на својот профил на Инстаграм откри дека испратил камион полн со залихи и мобилна кујна во областите погодени од земјотресот во Турција.

„Почнуваме да служиме топла храна, знам колку е важно затоа што живеев во шатор година и пол за време на земјотресот во Ѓелчук во 1999 година“, напиша Нусрет.
Исто така, на својот профил, каде има над 50 милиони следбеници, Нусрет споделува видеа на кои познати луѓе како Лука Модриќ, Пирс Морган и Андреа Бочели повикуваат на помош во Турција.

Сепак, на многумина не им се допадна што никој од нив не ја спомна Сирија, која исто така настрада во разорниот земјотрес.