ПОДОБРО ЈАС ДА ГО ИЗГУБЕВ ЖИВОТОТ! Плачот на семејството на фудбалерот затрупан под урнатините во Турција – се уште веруваат, ИМА НАДЕЖ!

Членовите на семејството на Кристијан Ацу се огласија во врска со шпекулациите дека фудбалерот се уште е под урнатините по страшниот земјотрес во Турција .

Се уште го бараат, а неговата сопруга не губи надеж. Таа верува дека нејзиниот сопруг е сè уште жив.

„ Ацу сè уште го нема, не се знае каде точно, но верувам дека е сè уште жив. Се молам за него. Поднесов барање до Хатајаспор, турските власти, британската влада да обезбедат опрема. Тие не можат да навлезат длабоко без опрема , а времето истекува“, рече Мари Клер Рупио, додека нејзината тетка беше целосно уништена:

“Ќе беше подобро јас да го изгубев животот, а Ацу да преживее, бидејќи тој е наше сè. Тој е нашата единствена надеж”, рекла неутешната госпоѓа.

Се огласи и сестрата на фудбалерот, Кристијана Ацупиеда, која верува дека Ацу ќе биде пронајден.

“Ако некој го видел, тогаш каде е? Го нема. Јас страдам, имам непроспиени ноќи, се надевам дека ќе го најдат”, рекла Кристијана.