ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ МЕСТО: Поканета да настапи на крунисувањето, но нема каде да седне (ВИДЕО)

На денешното крунисување на кралот Чарлс и на богослужбата во Вестминстерската опатија присуствуваат највисоките владини претставници и луѓе од светот на филмот и музиката. Иако голем број изведувачи одбија да настапат на крунисувањето , поради наводни обврски, како што се Адел, Хари Стајлс и легендарната британска женска група Spice Girls, поп-ѕвездата Кети Пери ја прифати поканата.

кралот Чарлс
ФОТО: PAUL CHILDS / AFP / PROFIMEDIA

Поп-ѕвездата Кети Пери беше снимена на крунисувањето како талка меѓу редови обидувајќи се да го најде своето место. Збунетата пејачка се прошета и на крајот ги праша луѓето што седеа во редот – дали има слободно место. Кога и рекле дека се е резервирано, таа продолжила да бара место за седнување.

Церемонијата на крунисувањето едвај започна, а некои високи функционери веќе пристигнаа во Вестминстерската опатија. Во клупите на историската зграда фотографи и бројни камери веќе уловиле некои познати личности. Актерката Џуди Денч беше меѓу првите кои пристигнаа во опатијата. Покрај неа, во опатијата беше виден и пејачот Ник Кејв, а фотографите ги фатија актерките Ема Томпсон, Стивен Фрај, Џоана Ламли, Џеј Блејдс и други пред опатијата.

На самиот влез во опатија камерите го фотографираа пејачот Лајонел Ричи кој утре ќе настапи на големиот концерт по повод крунисувањето на кралот Чарлс.

Освен Лајонел, ќе настапи и поп-ѕвездата Кети Пери, која се уште бара место во опатијата.