Полицијата ја уапси Грета Тунберг на протест во Осло! Дали Норвешка ги крши човековите права!? (ФОТО)

Активистката за заштита на животната средина Грета Тунберг денес беше двапати приведена за време на демонстрациите во Осло за поддршка на правата на домородните заедници, а полицијата најпрвин ги отстрани неа и другите активисти пред Министерството за финансии, а подоцна и пред Министерството за заштита на животната средина.

Во понеделникот, Тунберг им се придружи на демонстрантите барајќи отстранување на 15 турбини на ветер од пасиштата на ирваси што ги користат народот Сами во централна Норвешка. Тие тврдат дека зелената транзиција не треба да биде на сметка на правата на домородните народи.

Демонстрантите последниве денови блокираа голем број владини згради и ја доведоа во непријатна позиција на малцинската влада на левиот центар, а поради новонастанатата ситуација министерот за енергетика Терје Асланд ја одложи официјалната посета на Велика Британија.

Тунберг и другите активисти, кои блокираа една од вратите на норвешкото Министерство за финансии, полицијата ги ги приведе додека нивните колеги демонстранти извикуваа пароли.

Подоцна, таа и другите приведени активисти беа ослободени.