ПОЛН КАКО БРОД – ВИДЕО: НАЈГОЛЕМИОТ КОЦКАР НА СВЕТОТ ИЗГУБИ МИЛИОНИ НА НЕРЕАЛЕН НАЧИН, НО СЕЕДНО МУ Е ! “БРЗО ГИ ПРЕБОЛИВ”

„Веќе се радувам на следната авантура. Коцкар мора да биде отпорен на емоции, мора да знае дека многу пати ќе пропадне.

Секој има своја приказна кога станува збор за спортско обложување, но сепак има голема разлика меѓу оние кои плаќаат билети за евро или две и оние кои вложуваат милиони.

Џим Мекингвејл, 71-годишен Американец кој е познат по прекарот Mattres Mack, припаѓа на оваа втора, секако помала група.

Господинот неодамна освои речиси 75 милиони долари на облог дека неговиот омилен бејзбол тим, Хјустон Астрос, ќе го освои шампионатот.

Сепак, дури и Mattres Mack не е семоќен, дури и таков експерт понекогаш може да направи грешки. Тој изгуби повеќе од три милиони долари обложувајќи се на Texas Christian University во финалето на NCAA. Парите ги положи на два тикети, но ниту еден не помина бидејќи Универзитетот Џорџија победи со убедливи 65:7.

  • Ми требаат пет секунди да го преболам ова – лежерно рече Џим, сопственик на синџир продавници за мебел.

Се проценува дека 71-годишниот страствен обложувач вреди 350 милиони долари, па не е чудно што игра само на „големо“.

  • Веќе се радувам на следната авантура. Коцкар мора да биде отпорен на емоции, мора да знае дека многу пати ќе пропадне. Ќе се прегрупираме, и ќе продолжиме од почеток – изјави Mattres Mack.

И додека ја проучува понудата за потенцијални инвестиции, еден претходно уплатен билет засега добро му оди. Облог е дека кошаркарскиот тим на Универзитетот Хјустон ќе ја освои титулата NCAA. На него вложил милион долари во време кога курсот бил осум. Хјустон моментално е лидер, а Mattres Mack подоцна облогот го направи уште поголем вложувајќи уште милион и пол долари…