Полска произведува 820 тенкови К2 за потребите на својата војска

„Од 1.000 тенкови (за полската Армија) за кои потпишавме договор со Сеул, 180 ќе бидат директно купени од земјата производител, Јужна Кореја, а останатите, 820, ќе бидат произведени во Полска“

Полска ќе произведе 820 јужнокорејски тенкови К2 како дел од нарачката за полската Армија, соопшти полскиот министер за одбрана.

„Од 1.000 тенкови (за полската Армија) за кои потпишавме договор со Сеул, 180 ќе бидат директно купени од земјата производител, Јужна Кореја, а останатите, 820, ќе бидат произведени во Полска“, рече Мариуш Блашчак за време на посетата на воената фабрика во Познањ, каде што ќе се произведуваат тенковите.

„Овде, во фабриката за воени возила во Познањ, тенковите К2 ќе се сервисираат, ќе им биде извршен ремонт и ќе се произведуваат. Ова е добра вест за Познањ“, додаде тој.

Блашчак истакна дека договорот за тенковите ќе обезбеди значителен обем на работа за полските компании, како и трансфер на технологија.

Информирајќи дека првата серија од 180 тенкови, што пристигна во декември, веќе е оперативна во механизирана дивизија во североисточниот дел на земјата, Блашчак истакна дека повеќе тенкови ќе бидат доставени до воените единици оваа година.

Тој посочи и дека тенковите ќе бидат одвраќачка сила против заканите што ги наметнува Русија.

TRT Balkan