Помина 222 часа под урнатините: Мелике Имамоглу преживеа рушење на седумкатница!

На десеттиот ден од земјотресот во Кахраманмарас (Турција) спасувачите нашле жива жена под куп урнатини.

За време на потрагата по преживеани, спасувачите слушнале звук под урнатините на станбена зграда од седум ката.

Кога започна акцијата за расчистување на бетонот, под урнатините ја пронајдоа четириесет и двегодишната жена Мелика Имамоглу. Таа беше извлечена од таму.

Како што пренесуваат турските медиуми, таа поминала 222 часа под урнатините по страшниот земјотрес што ја погоди јужна Турција на 6 февруари 2023 година.