ПОРАДИ ЖЕНИТЕ ДАДЕ ОТКАЗ – Селекторот на Саудиска Арабија кој ја сруши Аргентина

Големиот француски фудбалски стратег Ерве Ренар се повлече од селекторската функција на Саудиска Арабија поради нова работа.

Ренард се прослави во 2012 година кога на чудесен начин го предводеше аутсајдерот Замбија до титулата во Африканскиот шампионат. Во големото финале го симна ол-старот на Брегот на Слоновата Коска и го врежа своето име на големата тренерска карта, а потоа го направи истото и во 2015 година.

Тој ја водеше Саудиска Арабија за време на последното Светско првенство и беше единствениот кој успеа да го совлада светскиот првак Аргентина во чудесен натпревар во групата (2:1).

Тој ја водеше Саудиска Арабија од 2019 година до денес, но реши да ја напушти оваа репрезентација поради необичен повик.

Имено, Ренар доби можност да ја предводи женската репрезентација на Франција на претстојниот Мундијал. Тој веднаш прифати.

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија соопшти дека се согласила да го раскине договорот на Ренард на негово барање и му посака „најдобро среќа во иднина“.

„Ренар има понуда од Француската фудбалска федерација и изрази желба да ја искористи оваа можност. Се консултиравме со голем број членови на одборот и конечно го прифативме неговото барање“, изјави Јасер Ал-Мишехал, претседател на фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

Ренар (54) ќе ја наследи Корин Диакре, која доби отказ од француската женска репрезентација откако капитенот и некои други фудбалерки изјавија дека нема да одат на Светското првенство додека не биде сменет селекторот.