Поранешен американски разузнувач: Украина загуби драстично повеќе војници отколку што е прикажано – застрашувачка бројка!

Вооружените сили на Украина изгубија над 330.000 војници, изјави пензионираниот мајор и разузнавач на американските маринци Скот Ритер во интервју за „US-ES Tour of Duty“.

– Украина се обидува да ги намали загубите, но вистината е дека тие се драстично повисоки од официјалните бројки, рече тој.

Ритер додаде дека веројатно надминуваат 330.000 загинати и повредени војници.

– Тешко е да се каже со сигурност, но началникот на Генералштабот на Армијата на Украина, генерал Валериј Залужњи, во разговор со американскиот колега Марк Мили изјави дека загинале 250.000 војници.

Околу 83.000 се водат како исчезнати, од кои околу 60.000 најверојатно се мртви. Тоа значи дека вкупниот број на загинати е околу 315.000“, тврди Ритер.

Тој додаде дека овие бројки одговараат на оние што ги има на располагање.