Поранешната НБА-ѕвезда Шон Кемп уапсен поради пукање во автомобил

 – Познатиот НБА играч Шон Кемп е уапсен и затворен во округот Пирс, Вашингтон, по инцидент со пукање со автомобил.

Полицијата во Такома соопшти дека расправијата меѓу патниците во два автомобила во близина на тамошниот трговскиот центар се претворила во пукање во средата наутро по локално време. Повредени нема, а еден од автомобилите побегнал од местото.

Пиштолот од кој било пукано е запленет и во тек е истрага.

Кемп е 6-кратен НБА Ол-стар. Тој помина 14 сезони во лигата, вклучително и осум со Сиетл, кој го избра како 17-ти пик на драфтот во 1989 година.