Поранешната претставничка на Трамп во ОН, Ники Хејли, најави претседателска кандидатура

Се очекува Хејли да биде првиот Републиканец што ќе го предизвика поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ја објави својата претседателска кандидатура во ноември.

 Поранешната амбасадорка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, се очекува да се приклучи на претседателската трка во 2024 година, пренесува Анадолу.

Хејли, поранешна гувернерка од сојузната држава Јужна Каролина, својата намера да се кандидира ја најави во твит.

„Време е новата генерација да води“, напиша таа. „Моето семејство и јас имаме голема објава да споделиме со вас на 15 февруари! И да, дефинитивно ќе биде голем ден во Јужна Каролина!“

Се очекува Хејли да биде првиот Републиканец што ќе го предизвика поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ја објави својата претседателска кандидатура во ноември.

Таа е ќерка на индиски имигранти и беше прва жена гувернер на Јужна Каролина во периодот од 2011 до 2017 година.

Хејли поднесе оставка од својата функција во ОН во декември 2018 година, откако помина две години во администрацијата на Трамп.