ПОРАНЕШНИОТ ИГРАЧ НА БАЕРН НЕМА СРЕЌА: СОИГРАЧИТЕ ДВАПАТИ МУ ЈА ЗЕМАЛЕ ДЕВОЈКАТА, А ПОРАДИ ЕДНА БИЛ И ВО ЗАТВОР

Покрај љубовта, поранешниот десен бек на Баерн нема среќа и во градежниот бизнис со кој моментално се занимава

Кристијан Лел во својата кариера настапуваше за Келн, Леванде, Херта и Баерн, а иако кариерата не му беше воопшто лоша, освен промашениот гол од половина метар, по кој се памети и денес, неговите односи со соиграчите не биле најдобри, поради љубовните маки што му ги направија. Дури двајца од нив му ги земале жените, а тој немал среќа во љубовта и по фудбалската кариера.

Играше за Баерн, освои осум трофеи, играше во Лигата на шампионите, а потоа се повлече од фудбалот на 30 години. Немаше многу среќа во љубовта. Неговата прва девојка го изневери со неговиот соиграч од Баерн, Михаел Балак , кој ја заведе Даниела Ауман, која беше во врска со Лел.

“Балак влегува во приватниот живот на другите луѓе и ги уништува без размислување. Можеби така размислувате кога сте капитен на Германија”, рекол тогаш разочараниот Лел.

Токму кога ја преболи Даниела, со која беше исто така кратко во брак, Лел се скраси со Мелани Рикингер и потпиша за шпански Леванте. Мислеше дека конечно нашол мир, но потоа дојде Месут Озил и ја одведе Мелани во кревет и уште еднаш го фрли Лел во очај.

Лел подоцна ја опишал Мелани како змија и убиец на врски, а потоа ја заменил со зајачицата на Плејбој, Сиси Фареншон , со која исто така немал среќа. Врската не траеше долго, а најмногу проблеми со љубовта имаше во јануари 2014 година, кога поради жена завршил во затвор.

Неговата поранешна сопруга го обвинила за семејно насилство, па набрзо бил приведен. Сето тоа изгледа оставило свој белег на него, па посегнал и по дрога, а полицијата во 2018 година на неговиот имот пронашла кокаин.

Откако ги обесил копачките на клин, се обидел да се фрли во градежништво. Отвори градежна фирма, но и тоа не помина како што си замислуваше. Бизнисот го започнал во 2018 година, а во 2021 година почнал да реновира зграда во Минхен која се уште е недовршена. Можеби е барем заљубен, бидејќи во август минатата година бил снимен со Ота, со која барем засега нема никакви проблеми.