Посебен сообраќен режим утре на Водно поради атлетска трка

Поради најавена атлетска трка утре  од 10 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно. 

-Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно.  Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, по околните сообраќајници, информира МВР.

Апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.