ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВОЈНАТА- Украинка покажува како сега изгледаат нејзините омилени места, и се заблагодари на Русија (ВИДЕО)

Украинката Ана Малигон неодамна на TikTok сподели како сега изгледаат нејзините омилени места во нејзиниот роден град во Украина.

Ана Малигон е Украинка, која неодамна сподели содржина на својот профил на TikTok, поврзана со нејзината земја и нејзината моментална состојба и иронично и се заблагодари на Русија, која не се откажа од војната речиси една година.

Во насловот на првото видео таа стави „Моите омилени места во мојот роден град“ каде што носи само јакна, покажа како сега изгледаат нејзиното училиште, омилен ресторан, трговски центар и универзитет во Харков.

Потоа, два дена подоцна, таа го објави вториот дел во кој покажува некои од омилените локации, но овој пат носеше и панцир и кацига за да се заштити. Овој пат таа го покажа своето омилено кафуле, омилената продавница за облека, салон за убавина и зградата на нејзината пријателка.

Оваа Украинка сподели и како изгледа животот во Украина за време на агресијата, па во една од содржините покажа како во пет наутро ги буди сирена за тревога и потоа мора да се засолнат.

На видеата јасно се гледа дека сите нејзини локации се во урнатини, па иронично напиша „Благодарам Русија“. Според нејзината содржина на оваа социјална мрежа, оваа млада Украинка наводно се преселила во друга земја, но не прецизирала каде моментално престојува.