ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ- Огромен напредок во медицината: На слеп човек му се врати видот по операција на окото

Во Торино, Италија е направен многу важен научен и медицински напредок во областа на офталмологијата. Благодарение на автотрансплантацијата на целата површина на окото, вклучувајќи ја и рожницата, дел од склерата и конјунктивата, на слепиот пациент делумно му се врати видот.

Операцијата е извршена во болницата Ле Молинете во Торино. Пациентот има 83 години, а пред 30 години го изгубил видот на левото око поради проблеми со ретината. Пред десет години ослепил на десното око поради ретка болест.

Автотрансплантацијата беше можна благодарение на употребата на материјал од левото око, кој претставуваше функционални проблеми, но зачуваше здрава површина, објаснуваат експертите.

Операцијата траеше околу четири часа и ја водеа директорот на Окуларната клиника на Универзитетот во Молинете и специјалист за очна хирургија, Микеле Реибалди и претседателот на италијанското здружение за корнеа, Винченцо Сарникола.

Експертите соопштија и дека повозрасниот маж добро закрепнува од зафатот што му бил извршен.