Потврдено е зошто малиот монструм бил толку прецизен: Момчето користело специјално опремен пиштол за да го изврши грозоморното злосторство (фото)

Ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар на 3 мај во крвав напад уби девет ученици и еден чувар, а тешко рани уште шест ученици и наставникот по историја. После 12 дена од повреди почина и последното девојче, со што вкупниот број на жртви се искачи на десет.

Момчето-убиец злосторството го извршил пукајќи со оружје што го извадил од сефот на неговиот татко, а како што се дознава, тој пиштол е специјално опремен за да гарантира точност и прецизноста.

– Пиштолот со кој е извршен масакрот имал некакви тегови или противтегови за кога ќе пука да нема тресење или пак одвратен удар. Со вака опремено оружје полесно се нишани и погодува целта – вели добро информиран извор.

Според неофицијални информации, станува збор за оружје од чешко производство, односно „збројевка“. Непосредно пред масакрот, момчето-убиец го фотографирал оружјето што го однел на училиште, а на грозоморната фотографија се гледаат два пиштоли, муниција за нив и четири молотови коктели.

Делото го извршил со еден пиштол, а другите, како и молотови коктели, биле пронајдени во неговиот ранец веднаш по апсењето. Според она што и’ го кажал на полицијата, молотовите коктели ги направил за да ги постави и запали на вратата од училиштето, спречувајќи ја полицијата да влезе пред да ги убие сите што планирал.

Да потсетиме, на 3-ти мај убиецот на децата упадна во основното училиште „Владислав Рибникар“ и уби чувар кој бил блиску вратата, а потоа пукаше на три девојчиња во холот на оваа образовна институција.

Својот крвав поход го продолжил во канцеларијата за историја каде што имало час неговото одделение VII/2. Таму пукал во наставничката и учениците, кога на лице место убил петмина и ранил повеќе, а по 12 дена на повредите им подлегнала уште едно девојче.

Убил вкупно девет деца и Драган Влаховиќ – обезбедување во училиштето.