Почина на 37 години по лекарска грешка! Имала рак, кој се лекува во 90 проценти од случаите! Исповедта на Рада Манојловиќ за нејзината мајка ги трогна сите

Тага која никогаш не исчезнува!

Пејачката Рада Манојловиќ прерано ја загуби мајка си, а тагата никогаш не ја криеше, па неколку пати се расплака пред телевизиските камери сеќавајќи се на нејзината мајка која почина од последиците на најтешката болест.

Пејачката ја изгубила мајка си кога имала само 19 години и признава дека никогаш не можела да се помири со фактот дека жената која и го подарила животот го загубила својот на 37 години.

Беше исклучително приврзана за мајка си Мирјана Манојловиќ, а сите велат дека убавината ја наследила токму од неа.

Јавноста дозна како изгледала Мирјана кога Рада објави стара семејна фотографија, кога целото семејство било заедно.

– Таа заслужува да се знае како изгледала и колку била убава – напишала Рада во таа прилика.

Повеќето од нив во коментарите се осврнаа на убавината со која можела да се гордее Мирјана, но и на тоа дека Рада својата природна убавина ја наследила од мајка си.

Пејачката се присети на периодот кога нејзината мајка ја оставила, нагласувајќи дека тоа и бил најтешкиот период во животот.

– За мене семејството е се на овој свет. Многу сум приврзана за татко ми и сестра ми и би направила се за нив. Моментот кога дознав дека мајка ми боледува од страшна болест беше најтешкиот во мојот живот. Го молев Бог да ја излечи, да и даде сила и верував дека ќе успее да го победи ракот, но, за жал, Бог сакаше поинаку. Таа почина во 2004 година, а јас бев со неа во нејзините последни моменти. Тешко ми е да зборувам бидејќи тоа се болни моменти и тие слики никогаш нема да исчезнат пред моите очи. Денот кога мајка ми нè напушти беше најлошиот во мојот живот  – изјави еднаш пејачката.

Манојловиќ истакна дека е револтирана бидејќи смета дека мајка и денеска би била жива доколку лекарите не направеле голема грешка.

– Мајка ми почина поради лекарска грешка. Таа имала карцином на грлото на матката, тип кој може да се излечи во над 90 проценти од случаите. Кога имала 37 години, советот на лекари одлучил да не и ги отстранува матката и јајниците бидејќи можеби ќе сака повторно да се породи. Таа била третирана на други начини. Во неа оставиле темпирана бомба, која подоцна експлодирала.

Пејачката вели дека би дала се на светот за да може да го врати времето и да и каже на мајка си дека инсистира на отстранување на органи. Свесна е дека тоа е невозможно, живее со својата болка, но признава дека не успеала ни правилно да ја оплакува оваа страшна загуба.

– Не закрепнав од смртта на мајка ми, а веќе настапував по десет дена. Морав да заработам пари за нашите луди обичаи. Никој не ме праша дали ми се допаѓа, само ми рекоа: „Оди пеј“. Јас пеам, а телото ми трепери, душата ми се распаѓа, изјави еднаш пејачката.