Појадок кој го држи апетитот под контрола

Можеби мама сепак беше во право…

Според новото истражување објавено во American Journal of Clinical Nutrition, појадокот богат со протеини може да ви помогне да го контролирате вашиот апетит и да ја намалите желбата за грицкање слатка или масна храна подоцна во текот на денот.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека утринскиот оброк богат со протеини (35 грама во споредба со стандардниот појадок од околу 13 грама) го контролира апетитот и ја намалува желбата за грицкање слатка или масна храна подоцна во текот на денот. Причината? Ако не јадете кога ќе се разбудите – или ако консумирате зашеќерени житарки и мафини наместо протеини – вашите хормони за контрола на апетитот, грелин и лептин, не можат да го воспостават својот соодветен контрарегулаторен ритам: резултатот – ќе бидете гладни и едвај чекате следниот оброк да ве доведе до прејадување. Ваквите работи и тоа како можат да влијаат на правилната исхрана, па дури и да не доведат до дебелеење полека, без воопшто да забележиме.

Истражувачите откриле дека конзумирањето на храна богата со протеини го зголемува нивото на ситост и ја намалува активноста во делот од мозокот одговорен за желбата за храна.

„Појадокот со висок протеин влијае на желбата за храна подоцна во текот на денот, кога луѓето имаат поголема веројатност да консумираат закуски со висока содржина на масти или шеќер“, рече еден од истражувачите во изјавата. „Овие податоци сугерираат дека појадокот богат со протеини е една потенцијална стратегија за спречување на прејадување и подобрување на квалитетот на исхраната со замена на нездравите закуски со висококвалитетна храна за појадок.

Добрите протеински избори за појадок вклучуваат: грчки јогурт, свежо сирење, јајца, протеински шејкови и овесна каша направена со незасладено млеко од соја и ореви.