ПОЈАДОК ОД СТАР ЛЕБ И НЕКОЛКУ СОСТОЈКИ ОД ФРИЖИДЕР: Само треба да ги измешате и испечете состојките

Смислувањето на секој оброк во денот може да биде исклучително заморно, а особено е заморно кога немате доволно ништо. Затоа овој појадок е совршен. Едноставно и брзо се подготвува од состојки кои веќе ги имате во фрижидер.

Состојки:

  • 7-8 парчиња бајат леб
  • 6 јајца
  • 100 гр шунка
  • 200 гр намаз со сирење
  • 1 кромид
  • 1 чаша кисела павлака или јогурт

Подготовка:

Испржете го сечканиот кромид додека да омекне. Намачкајте ја тавата со масло и наредете го лебот. Премачкајте ги на неколку места исецканата шунка, кромидот и сирењето. Во сад измешајте ги изматените јајца и павлаката, зачинете ги со сол и бибер. Прелијте го филот и оставете го да отстои 30-40 минути. Се пече на 180 степени додека не порумени.