По прељубата и раскинувањето, нова драма во животот на латино дивата: Мајката на Шакира итно хоспитализирана во болница

Мајката на познатата латино-пејачка Шакира наводно била итно пренесена во болница откако и било откриено згрутчување на крвта во ногата. 

Нидија Рипол, наводно, прво доживеала мозочен удар, но таблоидите во Шпанија велат дека извори блиски до пејачката кажуваат дека проблемот е поврзан со длабока венска тромбоза. Исто така, се тврди дека нејзината состојба не влијаела на нејзиниот мозок, но се уште се чека коментарот на 46-годишната колумбиска пејачка.

Нејзиниот татко, Вилијам Мубарак, наводно, исто така има сериозни здравствени проблеми по операцијата минатата година, што влијаеше на одлуката на Шакира да ја одложи преселбата во Мајами со нејзините две деца, па таа реши тоа да го направи по разводот со фудбалерот Жерар Пике.

Имено, 91-годишниот Мубарак бил хоспитализиран минатата година во Барселона, откако паднал. Пејачката имала намера да се пресели од Барселона во Флорида на почетокот на годината со своите синови, 10-годишниот Милан и 8-годишниот Саша, веднаш по потпишувањето на договорот за старателство со поранешниот дефанзивец на Барселона, Пике.

Меѓутоа, докторите ги откриле здравствените проблеми на мајката на пејачката откако таа не се чувствувала добро, поради што побарала докторска помош, а како што пишуваат шпанските таблоиди, во петокот итно била пренесена во болница. Моментално е надвор од животна опасност и се очекува во догледно време да се врати дома.

Шакира со нејзината мајка

Сè уште е неизвесно дали Шакира ќе мора повторно да го одложи својот план да ја напушти Шпанија, откако веќе мораше да го стори тоа во јануари, одлучувајќи да чека до крајот на учебната година во јуни. Шакира и Пике во ноември минатата година потврдија дека потпишале договор за старателство на децата по долготрајните преговори за развод кои завршија со маратонска 12-часовна средба на нивните адвокати. Договорот го финализираа на судот во Барселона во декември. Договорено е шпанската фудбалска ѕвезда да поминува време со децата за време на празниците. Инаку, парот се раздели минатиот мај откако поминаа десет години заедно.