По 3 спонтани и тешки борби со неплодност: Еден од најбогатите парови во светот доби трето дете (ФОТО)

Основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан ја добија третата ќерка Аирелиа Чан Цукерберг.

„Добро дојде. Ти си ни мал благослов“, рече Цукерберг.

Марк и Присила, која му е бивша колешка од Хардвард имаат уште две ќерки, седумгодишната Макс и петгодишната Аугуст. Марк уште минатата година најави дека повторно ќе стане татко и рече дека му е драго што Макс и Аугуст ќе добијат сестра.

За потсетување, со Присила се запозна во 2003 година, на една од забавите на универзитетот. Се венчаа во 20212 година, а Марк во една прилика рече дека таа му е најважниот дел од животот.

Парот го доби своето прво дете во 2015 година, а подоцна призна дека долго време се обидувале да забремени и дека Присила имала три спонтани абортуси. После тоа добија уште една ќерка, а сега во семејството пристигна и малата Аурелија.