ПРВАТА БРЕМЕНОСТ ПОТВРДЕНА СО УВЕЗЕНИ ЈАЈЦЕ КЛЕТКИ ВО СРБИЈА! Може да се избере боја на очи, раса, крвна група…

Потврдена е првата бременост од увезен репродуктивен материјал кој во Србија пристигнал кон крајот на јануари. Останатите пет жени за кои пристигнале јајце клетките се во фаза на подготовка за ин витро оплодување, дознава „Новости“.

Според „Новости“, на 140 жени закажале термин за првиот консултативен преглед каде ќе биде извршена процедурата. На тој прв преглед, заедно со вашиот гинеколог, се упатува до банката за да се нарача соодветен материјал.

Она што е интересно е што може да изберете бојата на коса, очи, раса, крвна група, тип на коса, права или виткана…

Досега се склучени договори со четири странски банки – Ovobank од Шпанија, две од Данска, Европската банка за сперма и Cryosinternational и една од Чешка.

Минатиот месец од Шпанија пристигнаа шест пакувања со јајце клетки, а наскоро ќе пристигнат уште 10 пакувања (и јајце клетки и сперма). До Дирекцијата за биомедицина се поднесени 30 барања за увоз на репродуктивни клетки, што значи дека е нарачан материјал за 30 жени.

Инаку, она што е важно да се знае е дека во наредниот период преку порталот еУправа ќе биде пуштена регистрација на парови кои сами ќе си ги финансираат процедурите со донирани репродуктивни клетки. Потоа ќе може да се пријават жени до 50 години, а барањето ќе можат да го поднесат и жени кои не се државјани на Република Србија.