Првите 24 часа се пресудни: Вака ќе изгледа украинската контраофанзива!

Протекувањето доверливи документи поврзани со војната меѓу Украина и Русија го потресе Пентагон, а објавените информации с,е уште се анализираат, а нови доверливи информации продолжуваат да пристигнуваат.

„Newsweek“ собра повеќе од 40 страници разузнавачки документи, а во последната го објавија датумот кога треба да започне големата украинска контраофанзива, која долго време се најавуваше.

Имено, како што објави ,,Newsweek”, а пренесуваат и бројни други светски медиуми, во доверливи документи стои дека украинската контраофанзива е планирана за 30 април. Повеќето документи се класифицирани како строго доверливи, а портпаролот на Пентагон минатата недела изјави дека протекувањето претставува сериозен ризик за националната безбедност.

ФБИ соопшти дека документите се засновани на чувствителни разузнавачки податоци на САД собрани преку доверливи извори и методи.

Американските разузнавачи внимателно го следат развојот на ситуацијата во Бахмут. Падот на овој град би бил психолошки удар, иако самиот Бахмут не е одлучувачки за војната. САД и нивните сојузници ја опремуваат Украина за пролетна контраофанзива.

Документот, објавен од ,,Newsweek”, исто така детално ја прикажува испораката на опремата. Во него, меѓу другото, се вели дека опремата ќе биде испорачана на Украина навреме за пролетната контраофанзива.

Офанзивата ќе ја преземе 10-тиот оперативен корпус на Украина, кој ќе се состои од девет бригади кои ќе бидат повторно опремени од американските и сојузничките сили, со три дополнителни целоукраински бригади.