ПРВПАТ ОД 2004 ГОДИНА – Во национален парк во Чад се појави „изумрен“ лав

Во националниот парк Сена Ора во Чад, каде што големите мачки не се видени од 2004 година и се сметаше дека се исчезнати, се појави лавица.

Лавицата била забележана од тим активисти од владата на Чад и американското здружение WCS (Wildlife Conservation Society).

„На фотографијата се гледа возрасна, многу здрава лавица на околу пет години. Сигурен сум дека таа не е сама“, изјави директорот на WCS, Лук Хантер.

Фотографијата е направена од камера инсталирана во заштитеното подрачје уште во февруари, но била објавена во четвртокот.

„Ова е огромно охрабрување бидејќи возрасните женки се основата на популацијата на лавови. Тие не талкаат многу, тие населуваат области каде што има плен, кои се безбедни за одгледување младенчиња“, додаде Хантер.

Во 2014 година, лавовите беа прогласени за исчезнати во националниот парк Сена Ора, чија причина е суровото организирано ловокрадење. Сепак, оттогаш, заштитата на националниот парк е подобрена и популацијата на дивиот свет се опоравува. Хантер вели дека има помеѓу 22.000 и 24.000 лавови во дивината, повеќето класифицирани како подвидови на јужни лавови кои живеат во источна и јужна Африка.

Помалку од илјада лавови живеат на запад и во централниот дел на Африка и тие се особено загрозени.