ПРЕД НАТПРЕВАРОТ – Погледнете го неверојатното обезбедување на Роналдо во Мека, со раце направија синџир околу него

Кристијано Роналдо ги постигна сите четири гола во победата на Ал Наср на гостувањето кај Ал Вехда во осминафиналето на саудиското првенство, а големо внимание привлече доаѓањето на големата ѕвезда на стадионот Мека, а Португалецот имаше неверојатно обезбедување.

Навивачите беа видно возбудени кога го видоа Роналдо во акција, бидејќи Кристијано беше придружуван од големо обезбедување при влегувањето на стадионот, кој со рацете формираше синџир околу него за да ги спречи навивачите да му се приближат.

Вкупно со овие четири гола Роналдо стигна до бројката од 503 првенствени гола во својата богата кариера.

Првите три ги постигна за Спортинг, потоа во Премиер лигата постигна 103 гола за Манчестер Јунајтед, потоа 311 за Реал Мадрид, 81 за Јувентус и пет за Ал-Наср.

Ако ги сметаме сите натпреварувања, Роналдо во клупската кариера на 955 настапи постигна 706 гола.