Приведен е вујкото на масовниот убиец од Младеновец: Полицијата кај него пронашла поголема количина оружје, а вака се бранел во обвинителството

Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево денеска беше сослушан вујкото на масовниот убиец У.Б. од Крагуевац, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивен материи.

Осомничениот се товари дека неовластено поседувал поголемо количество огнено оружје, муниција и делови од оружје во помошните објекти на неговото домаќинство во Вивиште, Крагуевац и во еден од тие објекти на 5.5.2023 година е пронајден и лишен од слобода обвинетиот У.Б., против кого се води постапка за сторени кривични дела тешко убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје со експлозивни материи, грабнување и неовластено користење туѓо возило.

Во одбраната изнесена денеска на рочиштето, осомничениот го негираше извршувањето на делото.

По рочиштето, Вишото јавно обвинителство Смедерево предложи на осомничениот да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена.