ПРИГОЖИН ГИ ОТКРИ ПЛАНОВИТЕ НА ГРУПАТА ВАГНЕР: Ова е нивната цел која треба да ја остварат до средината на мај!

Приватната воена група Вагнер планира да регрутира околу 30.000 нови борци до средината на мај, најави денеска основачот на групата и близок соработник на Владимир Путин, Евгениј Пригожин.

Тој во аудио порака на социјалната мрежа Телеграм порача дека центрите за регрутирање на Вагнер во просек примаат од 500 до 800 луѓе дневно, објавија странските медиуми.

Пригожин минатата недела изјави дека центрите за регрутирање на Вагнер биле отворени во 42 руски градови.