„ПРОНАЈДЕНА АНТЕНА КАЈ МЕСТОТО НА ЕКСПЛОЗИЈАТА“ Русите го поседуваат клучниот доказ – Путин откри како била извршена саботажата (ВИДЕО)

Путин изрази уверување дека експлозиите на Северен тек се „терористички чин на државно ниво“, за кој „аматерите“ не се способни, бидејќи ги немаат потребните технологии.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека за време на снимањето на водената област во близина на местото на експлозијата на гасоводот Северен тек, во данската ексклузивна економска зона, е пронајден предмет сличен на антената на експлозивна направа и дека Данска сè уште не одговорила на барањето на Москва за истрага.

Како што рече Путин во интервју за каналот „Россија 1“, експертите веруваат дека тоа би можело да биде антена за примање сигнал за активирање на експлозивна направа што може да се инсталира во гасоводниот систем.

Рускиот претседател објасни дека истрагата ја водел Гаспром по добиената дозвола од данските власти и дека предметот е пронајден на околу 30 километри од местото на експлозијата.

Сега, според Путин, Русија би сакала да добие дозвола од данските власти „самостојно или заедно со нив“ да ги спроведе потребните тестови, за да може експлозивната направа, доколку се наоѓа на гасоводот, да се деактивира.

– Но, како одговор на нашето барање до данските власти, добивме одговор дека тие самите размислуваат за тоа, а кога ќе го сметаат за можно, ќе ни дадат одговор –  рече Путин.

Според него, можело да се постават неколку експлозивни направи за да се изврши терористички напад на Северниот ток – некои експлодирале, некои не.

– Очигледно биле поставени неколку експлозивни направи – некои експлодирале, но некои не. Не е јасно од кои причини –  рече тој.

Путин изрази уверување дека експлозиите на Северен тек се „терористички чин на државно ниво“ , за кој „аматерите“ не се способни, бидејќи ги немаат потребните технологии.