Пронајден дневникот на рускиот командант: „115 војници отидоа во напад, тројца преживејаа“ (ФОТО)

Катастрофалните руски загуби што ги претрпе за време на жестоките борби околу Вуледар, град во провинцијата Доњецк, се запишани во дневникот на заробениот руски командант, соопшти украинското Министерство за одбрана.

„На први март: 100 војници извршија напад, 16 од нив преживеjaa;

3 март: од 116 војници, 23 преживеаја;

4 март: од 103 војници, 15 преживеjaa;

На 5 март: од 115 војници преживеаја 3“ – пишува во дневникот.

Ова е загуба од 379 војници за само 5 дена.

Тешки и исцрпувачки борби се водат веќе неколку дена околу Бахмут во источна Украина. Руските сили секојдневно освојуваат сè повеќе територии, но од Министерството за одбрана на Велика Британија велат дека е тешко да се верува дека руските напади ќе успеат без поголеми загуби, пренесува Експрес.