ПРОТЕКОА ДЕТАЛИТЕ – Еден од најголемите трансфери на денешницата се случил во хотел во Лондон: Добива ли Реал Мадрид огромно засилување !?

Еден од најбараните фудбалери во светот ова лето веќе би можел да ги засили редовите на Реал Мадрид

Џуд Белингем веќе подолго време е на мета на многу европски гиганти, но неговата желба е јасна и во иднина се гледа себеси како играч на Кралскиот клуб.

Барем тоа е според информациите со кои располага Санти Ауна, новинар на Foot Mercat кој открива дека ѕвездата на Борусија Дортмунд наводно им ја открил својата желба на соиграчите од клубот.

Според цената на трансфер-пазарот, Белингем вреди 110 милиони евра, а покрај Реал во своите редови го гледаат и клубови како Ливерпул и Манчестер Сити.

Џуд Белингем

Наводно, фудбалерот Белингем има желба да замине таму и поради Зинедин Зидан, кого го гледа како свој идол и играч чии стапки би сакал да ги следи.

Според претходно споменатиот Ауна, таткото на 19-годишниот Англичанец веќе се сретнал со Јуни Калафат, шефот за секторот за регрутирање во Реал Мадрид. Тој состанок наводно се одржал во лондонски хотел.