Протести во Чешка поради најавената реформа на пензискиот систем

 – Неколку илјади Чеси денеска протестираа пред Влада поради најавената реформа на пензискиот систем, при што се предвидува  пензионирање на 68 години.

„Пензионирање на 68 години – НЕ. Оставка на владата на Фијала – ДА“ пишуваше на  еден од транспарентите што работниците и синдикалните активисти од различни делови на Чешка денеска го донесоа пред Владата.

– Ги повикавме и владините претставници, но тие се плашат од нас, не сакаат да ја слушнат вистината. Дојдовме денеска да им кажеме како живеат луѓето и што мислиме за нивните чекори. Владата навистина не се грижи за социјалниот дијалог. Министрите не доаѓаат на трилатерални состаноци и само пуштаат пробни балони за реформи, изјави Роман Ѓурчо, претседател на синдикатот КОВО, кој го организираше протестот.

Според чешките медиуми на демонстрантите во реформата најмногу им пречи предлогот да се пензионираат на 68 години.