Пукање на сите страни: Последните информации од Косово – еве во каква состојба се ранетите

Во денешните судири во Звечан меѓу припадниците на КФОР и српскиот народ има повредени Срби, меѓу кои е и репортерот на Танјуг од местото на настанот. Репортерот на Танјуг е повреден кога шок бомба паднала пред неговите нозе. Има болки во нозете и мало крварење и не му е укажана помош.

Припадниците на КФОР се обиделе насилно да ги вовлечат претставниците на Српската листа во својот кордон, по што следеле шок бомби и бил фрлен солзавец.

Конфликтот настана кога припадниците на КФОР насилно почнаа да ги разбиваат српските демонстранти, кои мирно седеа пред општината Звечан. Откако меѓу 200 и 300 Срби не го исполнија ултиматумот на КФОР да се оддалечат од возилата на косовската полиција кои беа опколени од Срби, КФОР ги нападна демонстрантите со палки, шок-бомби и солзавец.

Србите возвратиле на нападот на КФОР и фрлале шишиња, а како што додава известувачот на Танјуг, биле повредени припадници на КФОР, додека нивната опрема останала на асфалтот – чизми, чевли, палки и друга опрема. Запален е и приватен автомобил.

Репортерот на Танјуг јави дека српскиот народ побегнал, но дека сè уште фрлале камења кон Кфор, кој цело време пукал со шок бомби.

Оклопните возила на косовската полиција се поместени, а косовската полиција стои до општината и не се меша во конфликтот. Во меѓувреме, КФОР преку разглас ги повика Србите да со разотидат.

Како што информираат Србите од Косово, едно лице е тешко рането и лекарите во моментов се борат за неговиот живот, вториот е вон животна опасност, додека третиот е ранет од гумен куршум.