ПУТИН: Глобалниот тренд кон мултиполарност на светот ќе зајакне, оние што не го следат ќе загубат – јасно е како ден

Глобалниот тренд кон мултиполарност на светот само ќе зајакне, а оние кои не го сакаат неизбежно ќе загубат, изјави денеска претседателот на Русија на седницата на Советот за развој на локалната самоуправа, пренесува РИА Новости.

„Овој тренд – трендот на мултиполарност во светот, е неизбежен. Тој само ќе се засили. А оние кои не го разбираат и не го следат ќе изгубат“, рече Путин.

Според него, оние кои ќе се обидат да го ослабат овој тренд само ќе се соочат со дополнителни проблеми, а веќе имаат доволно тешкотии.

Луѓето во Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонските региони долги години се борат за правото да бидат со Русија, рече Путин.