Путин сака заеднички центри за воена обука со Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од неговата влада да преговара за формирање заеднички центри за воена обука со Белорусија.

Со денешниот декретот Путин ги задолжи министри за одбрана и за надворешни работи да преговараат со Минск за формирање на таквите центри.

Во уредбата не се наведени дополнителни информации.

Во средината на октомври, Белорусија и Русија најавија формирање заеднички воени сили, кои, според Минск, имаат чисто дефанзивен карактер.